Расте бројот на социјално загрозени пензионери

Зголемен бројот на социјално загрозени пензионери во струшко. Се поголем број граѓани од третата доба бараат финансиска помош од Здружението на пензионери за лекови, за храна, за сметки.

Со поскапувањето на цените, голем дел од пензионерите живеат на работ на сиромаштија,  доведедени во состојба да  молат за еднократна  финансиска поддршка.

-„ За жал не можат, а тоа е грижа на државата. Запрепастувачки е тоа што имаат некои 9000 некои 10 000 денари е сега замислете колку таа фамилија може да преживее со тие пари. Наспроти за жал она што го читаме зголемување на плати на функционери до 78%, како тоа може јас не знам до каде ќе одиме вака“, вели вели  Милорад Трпоски претседател на Здружението на пензионери од Струга.

 

Ако го наполнат фрижидерот, ќе немаат пари за сметки и лекарства. Се жалат и  оние кои имаат повисоки пензии од минималната, бараат зголемување.

Ако нема помош, со овие пензии што се овде тешко е. Ако нема некој од децата да му помага.Тешко е не стигаат, се е поскапено.

Ние средно скромно. 0105 Со една тешко, ние сме двајцата пензионери и само за нас е.

За тешко, тешко е.

Никако, никако не можеме да се прехраниме.  Со што ќе живееме ние, ништо немаме.

Не може да се платат сметките се високи ние повеќе сме со лекарства, велат дел од анкетираните пензионери.

Најниска пензија во земјава во месец  август била 11.897 денари и ја земале 2.663 пензионери. Нивната пензија сега е зголемена за 630 денари.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани