Почина индискиот магнат Субрата Рој

Познатиот индискиот магнат, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар, почина  на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.

Рој е несудениот охридски инвеститор, тој во 2012 година сакаше да инвестира волуксузни хотелски комплекси помеѓу Љубаништа и Свети Наум.

Тој повеќе пати беше во посета на земјава и Охрид.

Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошилa здравствената состојба.

Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис.

Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани