Зголемен бројот на пациенти со срцеви заболувања во Југоападниот регион во земјава

Расте бројот на пациенти со срцеви заболувања во Југозападниот регион. Во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, забележителен е наплив на заболени. Загрижува и тоа што се намалува старосната граница, се повеќе млади страдаат од висок крвен притисок и срцеви болести.

Во болницата дневно има  над стотина прегледи, дополнително дијагностички процедури.

– „Нашата земја е ставена во грушата на земји со висок кардиоваскуларен ризик. Што во суштина значи и зголемен број на пациенти за каридолозите но и потреба од зголемена здравствена грижа“, вели д-р Елена Коваческа Башуроска директорка на Специјализираната болница за кардиологија во Охрид.

Во тек е реконструкција на болницата, се поставува термофасада, се менува дограма, но потребни се поголеми инвестиции во медицинска опрема.

-„Дел од опремата е доста застарена, од 2011 и постара опрема за која е тешко сервисирање и изнаоѓање делови .Потребно е во една ваква институција која професионално и стручно работи потребно е инвестиција во медицинска опрема како би биле со тек на напредокот на медицинската технологија“ , додава д-р Башуроска.

Причините за зголемениот број на пациенти со срцеви заболувања лекарите ги лоцираат во нездравиот начин на живот, зголемена телесна тежина,  пушење, алкохол и нередовна физичка активност.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани