

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РС Македонија е дел од вториот меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“.
Во период од 16-ти до 19-ти ноември, 2023г Агенцијата за туризам на репрезентативен штанд подготви богата програма која има за цел подобро да ги позиционира македонските културни, природни и традиционални посебности.
-“Концептот на Отворен Балкан е со реални можности за сите држави кои ја споделуваат оваа економска визија, која ќе создаде конкурентна дестинација во многу аспекти од туристичката индустрија. Агенцијата за туризам продолжува со туристичка соработка, реализација на информативни патувања, обележување и создавање на вински патишта, аплицирање на ИПА проекти, со фокусирана медиумска кампања и промоција на ено-гастро концептот во рамките на регионот, и очекува до 2025 година зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Опен Балкан”-изјави директорот Јаневски за српска Политика и Телеграф.



