Современа молекуларна дијагностика во ЦЈЗ Охрид

Центарот за јавно здравје во Охрид од неодамна обезбеди најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика, што овозможува екстракција на нуклеински РНК и ДНК киселини, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.

 

Новата опрема на корисниците им овозможува брзи и точни резултати за анализите за присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ) застапени на Балканското подрачје, како и докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани