Општина Охрид и ФТУ потпишаа Меморандум за соработка

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и проф. д-р Снежана Дичевска, декан на Факултетот за туризам и угостителство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“,  денеска потпишаа меморандум за соработка.

Соработката подразбира реализација на активности од страните потписнички  во насока на развој на високото образование и наука. Страните потписнички  поаѓајќи од своите интерни правила и интереси  можат да склучат посебни договори во врска со меѓусебната соработка. Активностите и соработката ги почитуваат правилата и прописите воспоставени  од страните  потписнички  без финансиски импликации , така што за сите активности за кои ќе бидат потребни  финансиски средства  ќе бидат уредени со посебни договори.

Меморандумот стапува во сила од денот на потпишувањето.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани