ВЕТЕНИ НОВА АНГИО САЛА И НОВ АНГИОГРАФ ЗА ОХРИДСКАТА КАРДИОЛОГИЈА

Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид ќе добие уште една ангио-сала и нов ангиограф, вети заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева која денеска беше во посета на болницата каде се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион.

„Оваа институцијата треба да се развива со уште една ангиографска сала и со уште еден ангиограф. Барањата од институцијата се стигнати во Министерството за здравство и се надеваме дека во наредниот период ќе можеме позитивно да одговориме на сè она што се барања заради реалните потреби на пациентите“, изјави Манолева.

Нема достапен опис.

Во оваа Јавна здравствена установа годишно се извршуваат преку 2500 интервентни процедури а секојдневно има преку 120 специјалистички прегледи, над 50 ехокардиографии како и по 40 стрес-тестови и доплери.Од 2019 година работи и Одделот за електростимулација со што овој центар станува вториот референтен центар во државата за имплантација на пејсмејкери. Минатата година е набавен најнов современ апарат за ехо-кардиографија како и нов ангиограф.

„Низ годините наназад оваа институција не застанува само во грижата за пациентите туку истовремено станува и референтен центар за обука на наши лекари за одредени интервентни процедури. За пофалба е целиот тим на институцијата коишто 24 часа во текот на денот, 365 дена во годината, овозможуваат да пациентите ги добијат потребните услуги“, кажа заменик-министерката за здравство.

Директорката на Специјализираната болница за кардиологија, д-р Елена Коваческа-Башуроска вели дека регионот кој болницата го опскужува брои над 350 илјади жители па поради тоа потребна е поддршката од Министерството како во опрема така и просторни услови. Според Коваческа-Башуроска со новата ангио-сала и уште еден ангиограф значително ќе се намали листата на чекање на пациенти.

„Години наназад се случуваше во неколку наврати дефект на апаратот, пациентите беа праќани на Клиника за кардиологија а одложувани беа елективните пациенти за елективни ангиографии што е голем проблем. Токму затоа е потребен уште еден ангиографски апарат“, изјави д-р Коваческа-Башуроска.

Во вреска со Новиот објект на болницата „Свети Еразмо“ во кој требаше дел од просторот да користи и охридската кардиологија а за кој се чека веќе 7 години, Коваческа-Башуроска кажа дека установата која ги згрижува животно загрозените пациенти има потреба од дополнителен простор, но исто така ќе се оствари и целта за развој на нови дијагностички и тераписки процедури.

Нема достапен опис.

„Не се откажуваме од онаа планска цел за развој на регионален центар за акутен мозочен удар заедно со здравствените и технички капацитети на другите институции во регионот, по примерот на акутен миокарден инфаркт, да се направи мрежа на акутен мозочен удар која би го покривала цел Југозападен регион“, вели Коваческа-Башуроска.

Заменик-министерката рече дека во тек е постапка на превземање на објектот од страна на Министерството.
„Последната гарнитура во Министерството презеде сериозни чекори во однос на капиталните објекти кои беа планирани па застанати како Клиничката болница во Штип, болницата во Кичево и еве овој објект „Свети Еразмо“ во Охрид. Се надевам во краток период ќе има точна разрешница и точно ќе можеме да знаеме што понатака со сите тие објект“, појасни таа.

Во тек е и реконструкција на објектот на болницата за кардиологија за енергетска ефикасност со грант добиен преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада во вредност од 350 илјади евра.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани