Промоција на монографијата ,,Храмот Успение на пресвета Богородица во Ботун”

После неколку години напорна работа, од печат излезе монографијата “ХРАМОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СЕЛО БОТУН”.

Ова капитално и научно дело, е труд на повеќе докажани научници и истражувачи, стручни во својата област и тоа:

д-р Сашо Цветковски

д-р Виктор Недески

д-р Викторија Поповска Коробар

д-р Емилија Апостолова Чаловска

м-р Илија Шапкароски и

отец Александар Димоски

 

ПРОМОЦИЈАТА НА МОНОГРАФИЈАТА ЌЕ БИДЕ:

16.12. 2023 – САБОТА

08:45 часот во храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун ќе се отслужи света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува нашиот Митрополит г.г. Тимотеј

11:15 часот, после светата Литургија во црковната сала ќе се промовира монографијата “ХРАМОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СЕЛО БОТУН”

Промотор на монографијата ќе биде д-р Јехона Спахиу Јанчевска

Ве покануваме сите на ова големо торжество.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани