Полициски службеници ги пронајдоа двете девојчиња од струшко

Полициски службеници ги пронајдоа двете девојчиња од струшко кои  беа пријавени дека се оддалечиле од домот.

Денеска (15.12.2023) полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од с.Лoжани, струшко и Т.П. (14) од с. Морoишта, струшко и тие ќе бидат предадени на родителите. Двете девојчиња и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани