ФОТО+ Видео: Величествена Бадникова поворка во Охрид

Со ѕвезди во рака, широка насмевка на лицата и видна возбуда пеејќи ја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог“ околу 1000 охриѓанчиња кои беа дел од Бадниковата поворка претпладнево го најавија Христовото раѓање- Божиќ.
Движејќи се од дворот на црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала по улицата „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и низ чаршијата тие ширеа радост и среќа.
-Заедно со советниците во Советот на Општина Охрид и со директорите на охридските јавни претпријатија им даривме пригодни подароци и им посакавме добро здравје, среќа и успеси на секој план. Предводници на поворката беа естрадните уметници Ѓоко Танески и Христијан Настоски- Пајак. Бадниковата поворка во Охрид се одржува 11 година по ред и е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, а е поддржана од локалната самоуправа.

Видео:

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани