Традиција: 25 ГОДИНИ ВАСИЛИЦА ВО КУРАТИЦА

На 21км северозападно од Охрид, сместено во пазувите на планинскиот масив Мазатар –Бајрак, на надморска височина од 1100 метри се наоѓа селото Куратица. Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (500 години) но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 25 години . Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган, се уредува сретселото, се овозможува доволно паркинг место за посетителите

Организаторите (здружението Св.Василиј и месната заедница)кои посветено работат на ова, може да се каже најзначајно збиднување во селото е дека карневалот има посебен, уникатен и несекојдневен дух кој може само да се доживее, а тешко да се опише со зборови., манифестација која станува театар под отворено небо, да заживее како туристичко-културен настан кој ќе привлече туристи од земјава и странство и економски ќе го зајакне целиот регион.
Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош добиваат од ентузијастите –волонтери од здружението “Св Василиј” од с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт. Но сепак, за вистинско карневалско дефиле смета дека се потребни пари и поддршка.
Идејата за збогатување карневалот започна во далечната 1998 година, кога група млади иницијатори сакавме да ја оживееме традицијата наследена од нашите прадедодвци. Па оттука, традиционалниот дел остана оригинален, пренесуван од колено на колено, кој почнува на 13 ти јануари околу 18 часот со зетот, невестата, бајачот валегачот, музикантите и околу 300 учесници кои секој на свој начин маскирани тргнуваат во посета на сите домаќинства за бркање на лошите работи од домот и носење радост во домовите. Според старата традиција, се пали василичарскиот оган, а потоа маскираните василичари одат од куќа до куќа, посетувајќи го секое семејство во Куратица каде буквално сите се послужени со традиционална храна и пијалок.
Се трудиме да се надогради една долговековна традиција (се смета дека е стара колку и селото) која ја наследивме од нашите прадедовци. Одлучивме традиционалниот дел да си остани оригинален по што и ќе бидеме препознатливи со поворката. Следниот ден насобраната храна се подготвува за насобраниот народ заедно со традиционалната храна „ВАРЕЈНЦА„. Вечерта е завршниот дел од василичарските збиднувања каде што учество земаат сите возрасни и детски маски кои пријавиле учество. Сето тоа е збогатено со музичкиот дел кој се претвора во заедничко лудување и збогатено со прогласување на најдобрите маски со
Главната манифестација, односно карневалот под маски е предвидено да започне 14.01 од 19 часот , што ќе кулминира со главното дефиле под маски по што ќе бидат прогласени и најуспешните маски. За посетителите да им биде вечерта повесела ке ги забавува група Оскар-Битола и Анета Љумакоска, а како фил на карневалот ќе биде богатиот огномет.
Карневалот во Куратица веќе се вбројува меѓу позначајните во земјава, покрај струмичкиот и вевчанскиот и се збогатува со нови содржини оваа.
Оваа година најавени се групи од Прилеп и од Воден-Грција
“Еден од главните проблеми кој се соочуваме е финансискиот дел , каде што мислиме дека конечно треба да се најде слух да биде поддржана оваа манифестација која ке придонесе пред се во туристичката понуда на самото село а исто така и градот Охрид.Ваквите настани кои ги имаме може да бидат дел од една зимска понуда за градот Охрид, која би се одвивала од предновогодишните денови, а би завршила со богојавление -Водици , каде на туристите секој ден би им бил исполнет со некој настан и ќе придонесе за економскиот и културниот развој на регионот.Многу важно во курајчкиот карневал е што младите ја имаат прифатено оваа традиција како и останатите, за која Куратица живее во текот на целата година и од тука почнуваат календарски манифестациите во селото за текот на годината”.
За село кое опстојува и ги негува традициите, го развива туризмот на 1100 мнв секако дека треба институциите сериозно да размислат за субвенционирање како би помогнало за збогатување на понудата и напредок на Куратица .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани