Во фокусот на општина Бевчани и во 2024 инвестиции во патната инфраструктура

И оваа година во фокусот на општина Вевчани ќе биде реконструкција и изградба на нови улици. Вложувања во патната и комуналната инфраструктура. Буџетот на општина Вевчани за 2024 година е 60 милиони денари заедно со блок дотации за образовните институции, но парите за инвестиции се обезбедуваат преку проекти.
Обезбедени се средства за изградба на повеќе улици, но и промена на начинот на греење во детската градонка Планински цвет, наместо на нафта ќе се поставуваат топлотни пумпи.

„Парите за проекти ги обезбедуваме преку аплицирање со проекти во домашни и странски агенции. Вевчани секогаш така функционирало. Знаете општината својот буџет не може да го користи за капитални инвестиции. Проекти имаме, фокусот овие две години откако сум јас градоначалник е на реконструкција и изградба на нови улици, патишта низ Вевчани. Сакаме да ја доизградиме и канализационата мрежа, која е започната уште во 80 те години, но има уште да се доизгради. Во тек ни е донесувањето на новиот генерален урбанистички план кој е проширен и се надевам дека оваа година ќе го донесиме“, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Општина Вевчани доби и нов тригодишен грант од ПОНТ за инвестиции и заштита на Вевчанските извори. Одржливо управување на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански Извори е една од главните цели на општината.

-„Тригодишен договор потпишавме со ПОНТ , тежок е 63 000 евра, а ќе се реализира во текот на три години по 21 000 евра годишно. Тоа пред се ќе се инвестиции во инфраструктура, реконструкција на вевчанските извори. Ќе се реконстурира и облагодори туристичкото место Јанков камен таму има изградено вештачко езеро, тоа  е доста атрактивно место кое го посетуваат не само вевчанци туку и туристи од цела Македонија“ , додава Кочоски.

Општина Вевчани е првата зелена општина во земјава, па во таа насока континуирано превзема мерки и активности за зајакнување на општинските капацитети за заштита и мониторинг на животната средина и унапредување на туристичката инфрастуктура во заштитеното подрачје.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани