Тешко повреден жител на Враништа, излетал кај Мороишки мост

Жител на Враништа тешко повреден, излетал со возилото кај Мороишки мост.

-На 19.01.2024 околу 22 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на регионален пат Р1201 Струга – Дебар, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од селото Враништа, струшко, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани