Охриѓанец се обидел да поткупи сообраќајци во Кичево

Охриѓанец се обидел да поткупи сообраќајци во Кичево.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.А.(60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени мерки против него, стои во соопштението на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани