Градоначалникот Пецаков го честита празникот Свети Сава

Градоначалникот Пецаков го честита празникот Свети Сава.
-Со желби за здравје, мир и благосостојба од мое лично име и во именто на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големио празник Свети Сава.
Чествувањето на ваквите големи празници се мост за градење доверба и меѓусебно почитување. Во заедништво, сплотени да продолжиме и во иднина да ги негуваме и унапредуваме пријателствата како основа за напредок на Охрид и Република Македонија. Нека биде честит и вековит празникот Свети Сава, стои во честитката на Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани