Низа свечености во чест на великанот Прличев

Во рамки на празнувањата по повод одбележување на годишнината од смртта на Григор Прличев, денеска, положивме свежо цвеќе во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа панихида на вечното почивалиште на великанот. Општинската делегација положи цвеќе и се поклони пред спомен бистата на великанот и пред градската библиотека.
Во спомен куќата која го носи неговото име, продолжија свеченостите за македонскиот и охридски великан Григор Прличев. Настанот започна со познатата „1762 лето“ во изведба на групата „Св.Софија“ и вокалистите Митко Колушевски и Венко Пашовски.
Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Пред присутните беа прочитени и првонаградените литературни творби на ученичките Матеја Колеска и Ивана Митре. Како локална самоуправа која води исклучителна грижа за нашите историски и културни вредности, ја продолжуваме акцијата за печатење на книги со Брајово писмо. Годинава доделивме два примероци на книгата “Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението на слепи лица од Охрид.
Можно е да е слика од 9 луѓе
Можно е да е слика од 11 луѓе и споменик
Можно е да е слика од 9 луѓе
Можно е да е слика од 8 луѓе и споменик
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани