Одбележан патронатот на ООУ „Григор Прличев“

Во чест на својот патрон, учениците од ООУ „Григор Прличев“ вчеравечер приредија богата свечена приредба која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од збратимените училишта, свое обраќање имаше директорката Лилјана Ефтимовска. На свеченоста во името на Општина Охрид присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Во рамки на програмата беа изведени неколку музички точки на хорот и оркестарот на училиштето. Публиката имаше можност да ги слушне првонаградените литературните творби од училишниот литературен конкурс и да проследи драматизација на народна приказна подготвена од учениците од предметна настава. Потоа следуваа прекрасни танцувачки точки на традицонални македонски песни, на кои настапија учениците од одделенска настава, подготвени од страна на нивните наставници.

Пред почетокот на свечената приредба се одржа и Ликовна изложба на цртежи од учениците, на која беа доделени и наградите од литературниот и ликовниот конкурс посветен на ликот и делото на Григор Прличев.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани