Две пријави за семејно насилство

Охриѓанец ја напднал сопругата.

-На 06.02.2024, полициски службеници од СВР Охрид,  го приведоа М.С.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во друг случај охриѓанец агресивно се однесувал кон членови на семејството.

-На 06.02.2024 во 20.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Н.(34) од Охрид кој,  во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани