Денес е Духовден, роденденот на црквата Божја

Празникот на Педесетница- Духовден се обележува педесет дена по Пасха. Во Стариот Завет Пасхата била спомен за излегувањето на Евреите од Египетското ропство, а Педесетница била спомен за дарувањето на Мојсеја од Бога на Законот од десет заповеди на Синајската планина.

Како што во Новиот Завет Пасхата стана празник на Христовата смрт и воскресение, излез на луѓето од грешниот свет во Царството Божјо, така и празникот Педесетница е слегување на Светиот Дух врз Христовите ученици. Подготвувајќи се за примање на Светиот Дух, учениците Христови заедно со Пресвета Дева Марија, со неколку жени мироносици и други верници на Педесетница се наоѓале во Ерусалим, во т.н. Сионска горница. Ова веројатно било во истата одаја, каде што пред Своите страдања, Господ ја извршил Тајната вечера. Апостолите добиваат сила одгоре и започнуваат да проповедаат и свидетелствуваат за Исуса како воскреснат Христос, Цар и Господ. Обично тој момент се нарекува раѓање на Црквата, а тој ден е всушност е роденден на секој христијанин. Црквата Христова е Царство на Светата Троица. Светата Литургија, најсветата и најсилната богослужба: во неа Господ се воплотува и повторно се јавува во облик на Леб и Вино (кои претставуваат Тело и Крв Христова), се јавува како потполн и совршен Богочовек. Црквата всушност е Вечниот Живот на земјата. Царството Божјо почнува уште овде, во црквата Христова, за вечно да продолжи на оној свет.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани