Ден на Македонската револуционерна борба

Македонија го чествува Денот на револуционерната борба.

Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го  чествуваме формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на организираното македонско револуционерно движење и револуционерна борба за државност и ширење на идејата за создавање сопствена, самостојна и независна држава.

Зачетокот на револуционерното македонско движење, преку Илинденското востание и Крушевската република до славните епопеи од народноослободителната борба и АСНОМ, доведоа до создавање современа демократска самостојна и суверена македонска држава.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани