Се слави Курбан Бајрам – најважниот исламски празник

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам трае три дена.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот.

Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.

Курбан Бајрам е името кое се користи на Балканот за прославата на Ид ал-Кабир (што значи „голема прослава“) и тој е најважниот исламски празник.

Овој празник претставува потчинување на Аллах. Всушност, празникот ја прославува послушноста на Ибрахим кон Аллах, симболизирана преку настанот кога тој прифаќа да го жртвува својот син Исмаил, по Божјата заповед, со цел да ја покаже својата љубов и вера. Во последен момент Аллах, преку Архангелот Гаврил, исраќа овен за да се жртвува наместо детето. Во спомен на целосното потчинување на Ибрахим кон Бога, муслиманските семејства жртвуваат овен или овца, но понекогаш и други животни како што се крави или кози. Тие се колат лежејќи на левата слабина со главата насочена кон Мека (во Саудиска Арабија), по молитва и бајрамски обред. Ид ал-Кабир (курбан Бајрам) се нарекува Табаски во Сенегал и други земји во Западна Африка (Гвинеја, Мали, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо). Во Турција, се вика Курбан Бајрами, а во балканските земји се вика Курбан Бајрам. Прославата е иста низ светот, но постојат неколку културни разлики во однос на храната, облеката, итн.

Прославата трае 3 дена. Првиот ден е најважен, бидејќи мажите одат во џамија и се молат. Потоа тие одат да жртвуваат овен или овца. Го сечат животното на 3 дела: првиот се дава на сиромашни луѓе, за да имаат храна на овој голем ден, вториот е за пријателите и соседите, а третиот е за човек кој ја принесува жртвата и неговото семејство. По ова, тие одат на гробишта да ги посетат починатите предци и блиски членови на семејството и да се молат во нивно име. Прославата се одвива во домот на најстарата личност во семејството, а луѓето исто така одат во посета во домот на други да им посакаат среќа, здравје, и слично. Но, денес, формалностите на празникот се менуваат. Исто така, цената на овците постојано се зголемува: Македонија: помеѓу 100 и 200 евра, Франција: помеѓу 100 и 300 евра, Сенегал: помеѓу 100 и 1500 евра. Исто така мора да се додаде цената на храната, облеката, подароците, итн. Цената е релативна и не е толку важна, бидејќи цената на овците не игра улога во овие настани. Ова е воедно време да се даде зеќат (милостина; третиот столб на исламот) или давање пари на сиромашни луѓе или на џамијата која дава на сиромашните, што е 2,5% од богатството на секој човек и се дава секоја година на овој датум. Резултатот е воочлив во економијата која во овој период се зголемува. Во целиот свет циркулираат милиони и милиони евра со добра причина: споделувањето.

Луѓе гледаат само на колењето на овците, но тие не гледаат она што стои зад овој празник. Тоа е повеќе од една прослава и колење овци, тоа е момент на единство, споделување, солидарност, љубов и покорност кон Бога. Во зависност од тоа каде живеете, на прославата се гледа различно. На пример, во Франција, која е секуларна држава, религијата е одвоена од власта. Само христијанските празници се државни. Во други случаи, луѓе земаат слободен ден. Тоа е случај и со муслиманите во овој период. Закононите за колење на овци се строги. Колење мора да се врши во одредени кланиците, а не нелегално. Празникот не е признат, но се толерира. фф/мд/Фото: МИА архива .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани