Митровденска задушница

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Митровденска задушница е обичај којшто е карактеристичен за словенофоните цркви. Имено, после победата на Татарите во 1380 година, Димитриј Донски се упатил во московската света обител на Живоначалната Троица, кон преподобниот игумен Сергиј, замолувајќи го за соврши помен за паднатите борци, за подоцна да му предложи секоја година, во саботата пред празнувањето на св. великомаченик Димитриј Солунски, да се моли за душите на овие војници. Набрзо овој обичај бил прифатен од Црквата во Русија, со таа разлика што на овој ден се молиме не само за упокојување на душите на војниците, туку и за сите претходно упокоени. Од Русија, оваа пракса била пренесена и во другите словенофони цркви, меѓу кои е и нашата Македонска Православна Црква.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани