

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.
Годинава трае точно еден месец, до 12 јули кога се слави Свети апостол Петар и Павле.
Постот подразбира нејадење храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во понеделник, среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Во вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба. Тоа е телесниот пост.
Духовниот подразбира воздржување од лоши помисли, неправење лоши дела и безрезервна љубов кон Бога и сиот човечки род.