„Биодиверзитет за сите“ ги отвори вратите за охриѓани

Во време кога природата сè почесто бара наша грижа, организација „Биодиверзитет за сите“  во Охрид ги отвори своите врати за граѓаните, младите и сите љубители на зелената иднина. Во новоотворените  канцеларии се одржа Отворен ден –  исполнет со ентузијазам, идеи и искрена љубов кон природата.

Настанот беше можност посетителите одблиску да ја запознаат работата на тимот кој секојдневно се залага за заштита и обновување на екосистемите, зачувување на биолошката разновидност и развој на одржливи практики.

„Биодиверзитет за сите“ својата работа ја темели на иновативно управување со живеалишта, зачувување на природното и културното богатство, еколошка едукација, истражување и активно вклучување на заедницата.  Особено внимание се посветува на најмладите. Преку практични активности во природа, работилници и едукативни програми, децата учат да ја разбираат, почитуваат и сакаат природата – затоа што љубовта кон животната средина започнува од мали нозе.

„Ќе се залагаме да работиме активно на еколошка едукација, да ги запознаваме децата со природните вреднсоти што не опркужуваат како да се однесуваат во природата и со се што ен опкружува. Местото на децата треба да биде во природа особено од најмала возраст. Опфаќаме деца од три години нагоре, ги носиме во шума, истражуваме онака како што треба да расте секое дете. Еколошката едукација е долгорочен процес, само со неа ќе направиме промена. За десеттина година очекуваме токму овие деца да бидат промената“, вели Ангела Тасеска еколошки едукатор.

Организацијата е основана од д-р Даниел Богнер – претседател, Ивана Христовска – секретар, Ангела Тасеска – експерт за биодиверзитет и еколошка едукација, Фросина Климоска Мошоска – проектен менаџер и Бојана Каровска – маркетинг. Тим кој спојува стручност, визија и посветеност.

-„Во заштитата на животната средина сум повеќе од 30 години, 6 години сум во Охрид. Овој регион е особено богат со природни реткости кои се од меѓународен интерес, па така минатата година се здруживме со локалците и основавме невладина организација со цел да работиме со локалното население за да ја заштитиме животната средина. Во моментов имаме еден проект со НП Галичица и очекуваме да имаме плодна соработка со општината во насока на заштита“, вели Даниел Богнар

Во моментот, организацијата активно го спроведува проектот „Враќање на полуприродни суви тревни живеалишта на планината Галичица“, во соработка со Националниот парк Галичица и со финансиска поддршка од CEPF – Critical Ecosystem Partnership Fund. Проектот има за цел да ги зачува и обнови вредните тревни екосистеми – дом на бројни ретки и загрозени видови, кои се тивките чувари на природната рамнотежа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани