Богата програма во чест на Свети Кирил и Методиј

Во четвртокот се одбележа и патрониот празник на Средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“.

Свечената програма на самиот празник денес  почнува од 9 часот со полагање цвеќе пред монументалниот споменик во Градскиот парк, по што следува доделување на наградите за најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“ во населбата „Кошишта“ со почеток во 10:30 часот ќе биде одржана Панихида и свечена приредба во чест на Светите Кирил и Методиј. Од 12 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“.

Во 19 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ во рамки на кој ќе настапат учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан, а беседа за светите браќа ќе одржи Димитар Пандев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани