Сончаници и колабирање поради топлото време

Сончаници, топлотни удари, убоди од инсекти, каснување од влекачи, алергиски реакции  и колапси. Ова се најчестите интервенции на охридската брза помош. Високите температури и напливот на туристи во екот на летната сезона  повеќекратно го зголемија  обемот на работа на здравствените институции.

Препораките се многу течности, заштитен фактор и избегнување прошетки од 11 до 17ч.

– Најранлива категорија секако се повозрасните и хронично болните конзумирањето на вода, течности, супи, млаки и топли чаеви. Течности богати со електролити е многу важно за да се одржи телото хидрирано и да се избегнат ефектите од високите температури, вели д-р Михаил Кичов началник на Брза помош Охрид.

Граѓаните велат  им сметаат високите температури, дури и на плажа покрај вода е претопло. Капачите страдаат  и од водени шокови, посекотини и скршеници при скокови во вода. Само лани спасителите на вода имале над 1000 интервенции.

-Десет капалишта на охридското крајбрежје, а преку 1000 интервенции. 0656 Оние класични препораки да не конзумираат алкохол  на плажа да се штитат од сонцето да не влегуваат анеднаш при топлото време во вода и да внимаваат на дното на езерото, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

Во главниот туристички центар има една општа, две специјализирани болници и Здравствен дом , од менаџментот велат подготвeни се да одговорат на потребите.

 

Новинар Спња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани