Од ФОН Универзитет информираат дека со длабока тага ја споделуваат веста за заминувањето на нивниот почитуван професор, проф. д-р Самир Салиевски.
Како што наведуваат од Универзитетот, проф. д-р Салиевски бил ценет колега и значаен дел од академската заедница, кој со својата стручност, посветеност и професионален ангажман оставил траен белег и дал значаен придонес во развојот на високото образование.
„Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на колегите, студентите и сите кои имаа чест да соработуваат со него“, се наведува во соопштението.
Од ФОН Универзитетот изразуваат искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите.
Нека почива во мир, а неговото дело нека продолжи да живее.
