На 04.02.2026 година околу 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С. (33) од истото село, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Според информациите, лицето агресивно се однесувало кон М.М. и членовите на неговото семејство, при што ја оштетило и нивната куќна ограда.
По целосно документирање на настанот, против К.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
