И покрај дождот што денеска го облеваше градот, детските чекори и гласови не замолкнаа. Со бадникови каланди и искрена радост, децата од бадниковата поворка ја најавија радосната вест за Христовото раѓање, носејќи светлина и топлина низ охридските улици. Нивната верба и насмевки беа посилни од времето, потсетувајќи дека духот на Бадник секогаш наоѓа пат.
На моја голема радост, најмладите денеска ни покажаа дека верата и традицијата не запираат пред никакви пречки. Охридските улици и Центарот за култура беа исполнети со свечена и топла атмосфера, во духот на христијанството и заедништвото. Бадниковата литија, која традиционално се одржува секоја година и овој пат беше показател за духовноста на нашиот град и неговата длабока поврзаност со христијанските вредности. Нека е за многу години и нека овој празничен ден ни донесе многу здравје и среќа, напиша градоначалникот Пецаков, кој денес ги даруваше дечињата.







