Кривична пријава за фирма: Починат работник не бил пријавен и осигуран

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М. (43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.

Според информациите од полицијата, пријавениот С.М., во својство на сопственик и управител на правното лице, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос. Во правниот субјект не бил уредно пријавен и не било извршено работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му биле одземени и ограничени правата што му припаѓале согласно закон.

Дополнително, С.М. му дозволил на работникот пристап до работно место изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа. Починатиот извршувал работни задачи како помошник монтер, без да помине основна обука од областа на безбедност и здравје при работа, како и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот, информираат од СВР Охрид.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани