Март краен рок за легализација на бесправни објекти во Вевчани

Жителите на Вевчани кои имаат поднесено барања за легализација на бесправно изградени објекти, а добиле заклучоци за прекин на постапка или известувања за уплата, треба итно да постапат по добиените документи.

Од Општина Вевчани информираат дека рокот за решавање на предметите е до почетокот на март 2026 година, по што барањата кои нема да бидат комплетирани ќе бидат одбиени со решение.

Општината апелира граѓаните навремено да ги достават потребните изјави и уплати, за да се избегне одбивање на постапките, при што нагласуваат дека по истекот на рокот нема да сносат одговорност за одбиените предмети.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани