ВИДЕО: На „Охрид ТрчаТ“ активистките трчаа за бездомните животни

Активистите од „Suzan Rescue Dog house“ поддржани од волонтери и љубители на животни денес симболично трчаа за заштита на бездомните животни.  Велат потребно е да расте свеста кај населението, но и кај институциите.

Состојбата со бездомните животни во моментов во градот Охрид не е добра. И покрај тоа што активистите изминативе пет  години успеале да вдомат повеќе од 300 бездомни кучиња и мачиња во странство и земјава, на улиците низ градот бројот на бездомни расте.

-Законите не се почитуваат. Се додека нема казни на терен нема да се среди ситуацијата, секојдневно има исфрлени домашни миленици или цели легла исфрелени на улица. Потребно е одговорно сопственишто, задолжителна стерилизација, кастрација, чипирање и казни за неодговорните сопственици. Легла може да прават само одгледувачници и да плаќаат данок, вели Маја Коваческа активистка.

Сузан Сулејман е активистка, која куќата од сопствената мајка ја претвори во стационар, за згрижување и спасување на кучиња и мачиња. Таа вели закони за благосостојба и заштита на животните има, но само на хартија. Потребна е едукација на населението почнувајки од најмладите, да се менува свеста за да нема труење, убивање и повредување на животни, кое за жал е секојдневие во земјава.

-Најбитно е децата од мали нозе да растат со емпатија кон животните. Ние како волонтери ке најдеме и време да ги едуцираме најмладите во градинка, во школо за емпатија. Има родители кои децата ги учат да ги бркаат и тепаат животните. Таа свест мора да ја менуваме.  Многу често наоѓаме легла од домашни миленици исфрлени новоредни покрај контејнери, но и  повредени тепани, прегазени. Тажна глетка. Голем број новородени ги дислоцираат на планина каде немаат можност да преживеат. Пет години се обидуваме да спасиме што е можно повеќе животни, но толку е нашата сила, вели Сузан Сулејман активистка.

Со години се зборува за изградба на стационар, но до денес во Охрид го нема. Сликата со бездомните животни особено ги погодува странските туристи кои се згрозени од сликата на улиците. Општина Охрид помага со стерилизација а уличните кучиња.

Со денешното учество на трката активистките порачаа да расте свеста за грижата и хуман третман на бездомните животни.

Не морате да ги сакате, но не ги повредувајте животните!!!!!

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани