Николоски од Париз: Охридскиот регион има исклучителна универзална вредност

Александар Николоски, министерот за транспорт, од седиштето на УНЕСКО во Париз порача дека Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за државата.

На средба со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, Николоски заедно со колеги министри ги презентирал националните заложби за зачувување на вредностите на регионот.

„Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас“, истакна Николоски.

Тој потенцирал дека мисијата на Владата е Охрид и охридското крајбрежје да се зачуваат како еден од најзначајните културно-историски простори во Европа и светот, со почитување на сите меѓународни стандарди и препораки.

Охридски Регион е под заштита на УНЕСКО како природно и културно наследство, што му дава посебна тежина на секоја дипломатска активност поврзана со неговиот статус.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани