Нутриционисти од Охрид со совети за постот

Здружението на лица со дијабет од Охрид, во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“, во четврток (26 февруари) организира едукативна средба со професионалните нутриционисти Наум Костов и Билјана Трајчевска – НутриДуо, двајцата од Охрид.

Темата на настанот е особено актуелна: „Науката и трпезата: микробиомот во време на пост“, при што ќе се зборува за влијанието на постот врз здравјето, балансот на микробиомот и правилниот избор на храна кај лица со дијабет, но и кај пошироката популација.

Средбата ќе се одржи во читалната на Библиотеката со почеток во 16:45 часот и е отворена за сите заинтересирани граѓани.

Организаторите ги повикуваат сите кои сакаат да добијат стручен совет и научно засновани информации за исхраната во период на пост да присуствуваат на настанот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани