Синоќа активистите алармираа за ново труење на бездомни кучиња.
Безживотно тело на едно куче беше пронајдено во дворот на Основниот суд во Охрид. Активистите во градот кои добро ги познаваат бездомните кучиња, велат ова е едно од групата кучиња кои гравитираа во реонот околу старата автобуска станица.
Нивните претпоставки се дека се отруени повеќе кучиња, а телата се отстранети, бидејки недостигаат упте неколку.
Најверојатно отруени се и други кученца па телата им ги кренале одма.
-Ние сме обични граѓани, а не инспектори и полицајци. Закони се прекршени, а за тоа треба државните тела да поведат истраги. Труењето е пријавено во полиција. На потег се да поведат истрага, и да пратат порака дека навистина започната е бесмилосна борба со секаков криминал (продажбата на отров е криминал) и со секакво грозоморие, велат активистите.
Случајот го пријавија во полиција, но полицијата не излегла на терен по пријавата. од таму добиле одговор дека не можат да направат записник бидејки кучето немало сосптвеник.
Активистите бараат итна реакција од надлежните.
