Отворена  државната ЦАЦ изложба во организација на Кинолошко друштво Охрид

Отворена  државната ЦАЦ изложба ,,ЛИХНИДОС КУП” во организација на Кинолошко друштво Охрид, Кинолошкиот сојуз на Република Македонија, со поддршка на Општина Охрид.

-На сите ни е добро позната блиската врска меѓу кучињата и луѓето. Отсекогаш човекот нашол најдобар и најверен другар во своето куче. Просторот кај СРЦ ,,Билјанини извори” беше вистински рај за љубителите на домашни миленици од различни земји каде имаа можност да ги покажат квалитетите на своите кучиња. Честитки за организаторите за ваков несекојдневен настан, а како Локална самоуправа секогаш ќе даваме поддршка на активности кои се атрактивни и привлечни и го промовираат Охрид надвор од Македонија, рече  во својот говор на отворањето заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани