На 20.02.2026 година во 16:00 часот во СВР Охрид, Т.А. (48), со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“, за кое како сторител се посочува наставник во основно училиште во селото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок.
