Приведени две лица агресивни кон полиција

На 25.02.2026 година во 00:20 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле две лица – М.П. (20) и еден 17-годишник, двајцата од Охрид.

Според информациите од полицијата, тие под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени мерки.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните апелираат до граѓаните на одговорно однесување и почитување на законите, особено во вечерните часови кога најчесто се бележат вакви инциденти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани