СДСМ: Ревизорски извештај алармира за состојбата во Охрид

Последниот ревизорски извештај јасно и недвосмислено укажува на сериозната состојба во која се наоѓа Општина Охрид, реагираат од СДСМ – ОО Охрид.

Како што истакна  Јован Крлев, секретар на Општинската организација на СДСМ Охрид и советник во Советот на Општина Охрид, станува збор за наоди на државна институција, а не за политички квалификации.

Ова не се политички квалификации, туку наоди на државна институција, кои недвосмислено укажуваат дека општината се води без план, без соодветна контрола и без отчетност“, вели Крлев.

Во реакцијата се посочува дека наместо урбанистички ред и долгорочна визија за развој, Охрид се соочува со агресивна бетонизација и издавање дозволи за нови станбени објекти, често на штета на јавниот интерес.

Инвеститорите се ставаат пред граѓаните, а Охрид се третира како неисцрпен ресурс, а не како заштитено културно и природно богатство“, нагласува Крлев.

Ревизорскиот извештај, според СДСМ, констатира и сериозни управувачки и финансиски слабости во работата на јавните претпријатија, нивна нефункционалност и целосно отсуство на одговорност, при што, како што велат, градоначалникот продолжува да ги штити директорите кои не испорачуваат резултати.

Особено загрижува, додаваат од опозицијата, фактот што со ваквото неодговорно управување, Охрид се доведува во реален ризик да го загуби статусот на заштитено светско наследство под УНЕСКО.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани