Спектакуларно отворено јубилејното издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер  на Античкиот театар синоча беше  отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“.

Како и секоја година за свеченото отворање се избираат посебни содржини со особен квалитет, така и годинава вљубениците во класичната музика на Античкиот театар  уживаа во посебно уметничко доживување, едно свеовидно музичко-визуелно патување со импресивни видеопроекции и употреба на најсовремени визуелни технологии за кои е задолжен дизајнерот Рафаел Карико.

Фестивалот „Охридско лето“ го започнува своето јубилејно издание со вечер што ветува силна емоција и уметност што трансформира.

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, Охрид вчеравечер повторно го отвори својот прозорец кон уметноста со почетокот на јубилејното 65 издание на нашиот реномиран фестивалот „Охридско лето“ .
Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во врвната концертна изведба на американската пијанистка Клер Хуангчи и Националната филхармонија на Република Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.
Под мотото „Трансформација на сетилата“ фестивалот годинава нуди богата програма со звучни имиња од музичката и драмската сцена.
„Охридско лето“ не е само фестивал – тоа е традиција што трае, сведоштво за посветеност, љубов и уметничка визија која секое лето му дава нов културен живот на Охрид, напиша градоначалникот Пецаков.
 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани