СВР Охрид поднесе две кривични пријави за бесправно градење

Првата кривична пријава е поднесена против Е.А. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според полицијата, на катастарска парцела во Охрид, тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект. По извршениот надзор, донесено е решение за отстранување на градбата.

Втората кривична пријава е поднесена против Р.З. од Кавадарци, кој без соодветно одобрение за градење изградил викенд куќа на катастарска парцела во охридското село Љубаништа. И во овој случај, како што информира СВР Охрид, донесено е решение за отстранување на бесправно изградената градба.

Од полицијата потсетуваат дека бесправното градење е кривично дело и апелираат граѓаните да ги почитуваат законските процедури при изградба на објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани