СВР Охрид спроведе превентивна кампања за зимска опрема во возилата

На 15 јануари 2026 година, отсекот за превенција при СВР Охрид ја реализираше кампањата „Биди одговорен возач – користи зимска опрема“. На повеќе пунктови низ градот, полициски службеници разговараа со возачите, потсетувајќи ги на законската обврска за користење зимска опрема и на потребата од внимателно возење во зимски услови.

„Целта на кампањата е подигање на свеста кај возачите и потсетување дека безбедноста во зимски услови зависи од сите учесници во сообраќајот,“ информираат од СВР Охрид.

На возачите им беа поделени флаери со совети за безбедно управување со моторните возила, прилагодување на брзината според условите на патот и подигање на безбедносната култура во сообраќајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани