На 21.02.2026 година околу 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 70-годишна жена.
Според информациите од полицијата, товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.О. (57) од Струга, удрило во И.И. (70) од селото Мислодежда, струшко.
По несреќата, повредената била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош, каде подоцна им подлегнала на повредите.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга. Во 21:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода возачот Н.О., а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
