Три случаи на семејно насилство во Охрид

Три случаи на семејно насилство во Охрид. Во два засебни случаи сопругот ги тепал и сопригата и децата, во трет сопругата  била агресивна.

Во полицискиот билтен стои:

-На 02.05.2025 година во 23.40 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишен од слобода е А.Т.(40) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „Телесна повреда“.

Во вториот случај мажот ја  нападнал сопругата и двете малолетни деца. -На 03.05.2025 година во 22.10 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид, лишен од слобода е Г.Ц.(44) од селото Подмољје, општина Дебрца кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и двете малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во третиот случај исто регистриран на 02 мај е пријавено дека Д.А.Б. од Охрид, била агресивна кон нејзиниот сопруг по што извршила оштетување во работилницата каде тој работел. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста“,согласно член 144 од Кривичниот законик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани