(МААВЗК) во Велес го одржа годишното собрание на кое досегашниот претседател Зоран Јаневски доби нов двегодишен мандат. Нов мандат од две години добија и секретарот Живко Гурев од Тиквешки Точакџии – Кавадарци, потпретседателите Горанче Богоевски од Macedonian Bike Riders – Скопје и Даниел Гарбески од Вело Че – Прилеп, како и членовите на Управниот и Надзорниот одбор.
На собранието беше усвоен и новиот календар на велосипедски настани за 2026 година, кој предвидува 26 велосипедски настани и оутдоор фестивали организирани од членките на асоцијацијата.
За првпат, МААВЗК воведува и натпреварувачки систем, со што официјално се отвора Натпреварувачката сезона 2026 во рамките на асоцијацијата. Овој чекор, како што истакна претседателот Јаневски, ќе овозможи афирмација на голем број велосипедисти со потенцијал за врвни резултати.
„Со воведување натпреварувачки систем во рамките на Асоцијацијата, на секој вело-настан очекуваме да привлечеме големо внимание во велосипедската заедница во Македонија и во регионот,“ изјави Јаневски.
Според календарот, сезоната започнува на 22 март во Штип, а ќе заврши на 1 ноември во Валандово. Во наредниот период се планира формирање комисии и работни групи кои ќе воспостават систем и правила за спроведување на сите натпреварувачки настани.
МААВЗК обединува 26 велосипедски здруженија и клубови од земјава, со повеќе од 800 активни велосипедисти, што ја прави една од најмасовните спортски аматерски мрежи во државата.
