На 18.02.2026 година во 22:00 часот, на магистралниот пат Струга–Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.К. (54) од Струга.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал. По преземени мерки било констатирано дека возачот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.
По насоки на јавен обвинител, Т.К. е исклучен од сообраќај, одземено му е возилото, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
