Полициски службеници од СВР Охрид на 4 јануари 2026 година, во 16:20 часот, на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, го лишија од слобода Б.Л. (29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При сообраќајна контрола со радар било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
