На 24.02.2026 година во 09:40 часот, на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Ф. (48) од Струга.
При сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Ф. По преземените мерки било констатирано дека тој управувал со возилото и покрај тоа што имал изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат законските одредби и сообраќајните правила, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
