Зачестените контроли го намалуваат рибокрадството

Рибокрадството на Охридското Езеро во изминатиот период е значително намалено, како резултат на зачестените контроли и координираните активности на полицијата и рибочуварите од концесионерите за стопанисување со рибниот фонд.

Засиленото присуство на терен, особено во периодите на мрест, придонело за намалување на нелегалниот излов, велат рибарите, додавајќи дека контролите се почести и поефикасни.

„Има поголеми контроли и од концесионерот и од надлежните служби, има повеќе зони за рекреативен и стопански риболов и затоа има помалку рибокрадци. Порано имаше по неколку акции неделно, а сега во еден месец се фаќаат двајца до тројца“, вели Љупчо Лепи, рекреативен риболовец.

Сепак, состојбата со охридската пастрмка и натаму останува загрижувачка, и покрај присуството на други видови риби во езерото, поради што се апелира на дополнителни мерки за нејзина заштита.

Во една од неодамнешните полициски акции кај Пештани, биле фатени двајца лица при нелегален риболов, при што биле пронајдени шест рибарски мрежи со вкупна должина од околу 720 метри и улов од 585 белвици со тежина од над 106 килограми.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани