На 22 мај 2025 година, пред голем број љубители на уметноста повеќето од Струга и од други градови, во Центарот за култура „Браќа Миладиниовци“-Струга, беше отворена заедничка изложба на стружанките Јованка Миса и професорката Ивана Стијаноска, кои пред публиката се претставија со по дваесет уметнички слики.

Изложбата беше насловена фрагменти на идентитетот од авторката Ивана Стојаноска и Преобразби кога зборовите даваат боја од Јованка Миса.

Две жени. Два погледи. Една вистина – уметноста е јазик што зборува со и без зборови.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
